Мас: Новиот национализам нема да реши ниту еден проблем

96

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас смета дека протестите за отворено и слободно општество најавени за денеска во Берлин се важен сигнал за единство.

– Ние нема да дозволиме да се разделиме, особено од десничарските популисти- изјави Мас за весниците од медиумската група „Функе“.

Тој рече дека мнозинството Германци ја поддржуваат толеранцијата и отвореноста кон светот и додаде дека новиот национализам нема да реши ниту еден проблем.

– Разновидноста на културното наследство, бојата на кожата, религијата го збогатуваат секојдневниот живот, а не нѐ загрозуваат- рече Мас.

Се очекува на демонстрациите да присуствуваат десетици илјади демонстранти. Тие се насочени против говорот на омраза,  дискриминацијата и опасностите на бегалците во Медитеранот при нивните обиди да стигнат до Европа.

Организатори се групи активисти обединети под името „Независни“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...