Мас: Албанија треба да продолжи со реформите

40

Отпочнувањето на преговорите на Албанија за членство во ЕУ наидува на отпор кај некои членки на ЕУ и тој треба да се надмине преку продолжување на реформите, изјави денеска во Тирана германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, на заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.

– Реформите треба да продолжат. Се разбира, постои противење што треба да се надмине за да се обезбеди европската перспектива. Албанија ја има поддршка од Германија. Европска перспектива на Албанија не е само збор од наша страна, туку треба да се продолжи со реформите, рече Мас.

Рама од своја страна искажа голема благодраност за подршката што Германија и ја дава на Албанија на патот кон ЕУ.

– Ние сме и многу благодарни на германската Влада и на канцеларката (Ангела) Меркел за значајната улога во поддршка на една од најзначајните реформи на европска Албанија, реформата во правосудството и сите други реформи поврзани со напредокот кон интеграција во ЕУ, изјави Рама.

Шефот на грерманската дипломатија во Тирана се сретна и со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, кој во име на обединетата опозиција ја изнесе вознемиреноста од „големите размери на зафатеност на државата од организираниот криминал во последните неколку години, благодарение на врските и соработката со владејачките политичари“.

Баша ја изрази подготвеноста на опозицијата да продолжи да придонесува во спроведувањето на реформата во правосуството, врз основа на принципите на почитување на Уставот, спречување на влез на политиката во судството и постигнување на видливи резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

– Членството на Албанија во ЕУ останува главна политичка цел на Демократската партија, вети Баша.

Тој го запозна Мас со ставот на албанската опозиција за неменување на границите на Балканот и и се заблагодари на германската Влада и на канцеларката Меркел за јасниот став по ова прашање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...