Шест лица се повредени во масовна тепачка, кој изби меѓу мигранти во една од халите на фирмата „Мирал“ во Велика Кладуша, јавуваат босански медиуми.
– Денеска, околу 14 часот, во полициската станица Велика Кладуша беше пријавено дека во една од халите, каде што се сместени мигранти, дошло до судир помеѓу поголем број мигранти – изјави Снежана Галиќ, портпаролка на Министерството за внатрешни работи.
Голем број полицајци беа испратени на местото за повторно воспоставување на јавниот ред и мир.
– Во овој судир, три лица се здобиле со лесни телесни повреди, а три други во моментов се во Кантоналната болница, па се уште не ја знаеме квалификацијата на повредите. Засега ситуацијата е под контрола – додаде Галиќ.