Маск и „Тесла“ под истрага за измама

Истрагата е заснована на порака на Твитер во која Маск најави дека ќе понуди акции на „Тесла“ по цена од 420 долари.

209

Американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ) соопшти дека отпочнала истрага против автомобилската компанија „Тесла“ и нејзиниот директор Илон Маск поради измама.

Истрагата е заснована на неговата Твитер порака во која најави дека ќе понуди акции на „Тесла“ по цена од 420 долари. Пораката на Маск предизвика драматични подеми и падови на вредноста на акциите на „Тесла“, поради што СЕЦ отпочна истрага.

Дополнителен елемент во истрагата е најавената вредност на акциите.

– Сметаме дека Маск дошол до сумата 420 долари за акција така што додал 20 проценти од очекуваната вредност на акциите на „Тесла“, а потоа ја заокружил бројката на 420 долари, поради значењето што оваа бројка го има меѓу корисниците на марихуана, како и поради тоа што мислел дека неговата девојка тоа ќе го сфати како добра шега – обвини Стивен Пејкин, висок службеник на СЕЦ.

Бројката 420 се смета за меѓународен симбол на марихуаната, а денот на марихуаната е 20 април.

Маск е во врска со канадската пејачка Клер Бучер попозната како Грајмс, која неодамна, за време на интервју, запали џоинт со марихуана.

Соопштението дека „Тесла“ е под истрага на СЕЦ предизвика пад на вредноста на акциите на компанијата која, и без тоа, имаше сериозни проблеми да ги реализира порачките за нови автомобили.

Компанијата соопшти дека има целосна доверба во Маск.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...