Со тешка механизација попладнево беа откорнати и уништени повеќе дрвја во општина Аеродром.
Дрвјата буквално се масакрирани за на просторот од поранешниот парк да никне станбено-деловен објект „Порта Аеродром“.
На информативната табла стои име на инвеститорот „Порта Инжинеринг Груп“, а изведувач на работите е фирмата „Специјал градба“. Одобрението за градење од општината е од 4 април годинава.
Граѓаните на социјалните мрежи револтирани го споделуваат видеото прашувајќи дали ова ќе запре.
Масакр на дрвата во Аеродром…
Posted by Видео Вести on среда, 2 Мај 2018