Марјан Шарец избран за мандатар на Словенија

Шарец (40) освои второ место на изборите на 3 јуни, доби поддршка од 55 од вкупно 90 пратеници во парламентот.

141

Словенечкиот парламент денеска го избра поранешниот комичар Марјан Шарец за мандатар за состав на новата влада.

Шарец (40), чија Листа на Марјан Шарец (ЛМШ) освои второ место на изборите на 3 јуни, доби поддршка од 55 од вкупно 90 пратеници во парламентот.

Тој така го „турна во втор план“ поранешниот премиер Јанез Јанша, чија антиимигрантска Словенечка демократска партија (СДС) освои најмногу гласови на јунските избори, но не успеа да собере доволно партии за да формира коалиција на десен центар.

Поранешниот актер и комичар, кој оваа година заврши втор мандат на функцијата градоначалник на Камник во северна Словенија, има 15 дена да формира влада составена од пет партии од коалицијата на левиот центар, која ја предводи неговата партија, што ќе зависи од поддршката на Левица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...