Мартин Скорсезе во проект на Нетфликс

Режисерот кој е најпознат по своите крими-класици, Мартин Скорсезе е ангажиран од Нетфликс, да изрежира скеч за комичното шоу „Second City Television“.

91

Режисерот кој е најпознат по своите крими-класици, Мартин Скорсезе е ангажиран од Нетфликс, да изрежира скеч за комичното шоу „Second City Television“.

Се работи за канадска комедија што се прикажувала од 1976 до 1984 година. Нетфликс се навраќа на шоуто, како што впрочем чини и со други ТВ серии, овојпат подготвувајќи тнр. специјална епизода.

Гласините говорат дека скечот, покрај препознатливиот хумор, ќе има и елементи на документарец.

Последниот филм на Скорсезе, „Тишина“ излезе пред две години.

ФОТО: Пинтерест

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...