Мароканците најбројни во добивање државјанство во ЕУ

92

Околу 825.000 лица во 2017 година добиле државјанство во една од земјите-членки на ЕУ, а поголемиот дел од доделените државјанство биле за луѓе кои доаѓале од земји надвор од ЕУ или лица без државјанство.

Најмногу државјанства, вкупно 67.900, добиле Мароканци, објави денеска Агенцијата за статистика на Европската унија – Евростат.

Од вкупниот број само 17 проценти се однесувале на луѓе кои побарале промена на државјанството од една во друга земја-членка на ЕУ.

Од вкупниот број лица кои добиле државјанство во една од земјите-членки на ЕУ, Мароканците, Албанците, Индијците, Турците, Романците, Пакистанците, Полјаците и Бразилците заедно изнесуваат околу една третина од вкупниот број лица кои добиле државјанство во земја членка на ЕУ во 2017 година.

Според континенти, најмногу државјанства во ЕУ добиле лица од Европа – 37,8 отсто, потоа од Африка 27,4 отсто, Азија 20,6 отсто и Америка 11,4 отсто.

Во 2017 година биле дадени помалку државјанства отколку во 2016 година, кога биле доделени 995.000, додека во 2015 година 841.000 лица добиле државјанство во членка на ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...