Маркл го победи принцот Хари во фрлање гумени чизми

92

Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотката од Сасекс Меган Маркл денеска во Оукланд, Нов Зеланд, се натпреваруваа во фрлање гумени чизми и таа победи.

– Немаше некое големо соперништво. Ми се чинеше оти таа не верува дека ќе победи, но победи – рече едно од децата кои навиваа додека траеше играта.

Инаку, како што наведуваат медиумите, земјотресот што го погоди северот на Нов Зеланд, не се почувствувал во градот Оукланд, каде што денеска присуствуваат принцот и војвотката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...