Пејачката Марија Шерифовиќ го искажа бесот во пораката на Твитер кон тие што го коментираа однесувањето на пејач Дарко Лазиќ и распали со пцовки по негативните коментари.
– Престанете да јадете гомна, оставете го човекот на мир да ја води својата битка… о дааа, знаеме дека пие, о дааа, видовте дека конзумира наркотици, и о дааа, возеше брзо и о дааа, немаше возачка дозвола – и еве го одговор на тоа. Задоволни? Да ви ебам и семето и племето расипано, замолчете на момент! – напиша бесна Шерифовиќ.
Животот на српскиот пејач е загрозен од повредите по сообраќајната несреќа која се случи во вторникот. Пејачот е на Клиниката во Земун каде докторите му направија операција и се борат за неговиот живот.