Марихуаната за медицински цели е легализирана од денес и во Велика Британија

293

Во Велика Британија од денеска е дозволено користење канабис во медицински цели, а пациентите ќе го добиваат на рецепт.

Во некои држави канабис се пропишува на пациенти кои боледуваат од тешки болести, како што се рак, АИДС, мултиплекс склероза, повредна на `рбетниот мозок и епилепсија. Во Велика Британија лекарите по првпат имаат можност на пациентите кои трпат силни болки да им пропишат производи кои содржат канабис.

Но, голем број Британци сметаат дека законот може и мора да се унапреди.

– Носењето на овој закон е одличен потег и драго ми е што гледам напредок. Меѓутоа, многу пациенти, на кои им е потребен канабис во медицински цели, ќе бидат испратени кај специјалисти кои во еден момент ќе бидат преплавени од барања. Владата треба да дозволи лекарите од општа пракса да пропишуваат канабис – изјави Кларк Френч од Сојузот на обединети пациенти.

Истовремено, дел од британската јавност изрази загриженост дека легализацијата на употребата на канабис во медицински цели ќе доведе до употреба на марихуана во рекреативни цели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...