Поранешната фудбалска ѕвезда вчера се сретнал со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
На кусата средба Марадона му рекол на Абас дека сочувствува со палестинскиот народ, по што се прегрнале.
– Овој човек сака мир во Палестина. Претседателот Абас има држава и права – изјавил Марадона на својот Инстаграм профил и додал: Јас сум Паелестинец.
Абас го пофалил Марадона и му врачил подарок, слика на гулабица која носи маслиново гранче.