Манчевски: Заменици-директори ќе има само во претпријатијата формирани од Владата

Една од целите на законот, како што посочи Манчевски, е да и избере заменик-директор, а да се избришат помошниците директори.

315

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека со измените на Законот за јавни претпријатија се планира да се назначат заменици-директори само во оние јавни претпријатија кои се формирани од Владата.

– Се создаде погрешна фама. Во законот е предложено да се назначат заменици-директори само во јавните претпријатија кои се формирани од Владата, а тоа се 12 и се знае кои се. Сметам дека е искрена намерата да се подобри работата на одредни јавни претпријатија, особено знаејќи дека тие не функционираат добро. Голем дел од овие јавни претпријатија навистина имаат сериозни пробеми во своето работење и треба максимално да ангажираме кадар за да се подобри функционирањето. МИОА е во фаза на изготвување на хоризонтална функционална анализа и изготвување на нов закон за висока рабоводна служба со кои сите овие различности во институциите ќе се унифицираат и ќе се заведе ред. Таа анализа ќе покаже дали ова е добар предлог или не – изјави Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање во Собранието на Република Македонија.

Една од целите на законот, како што посочи Манчевски, е да и избере заменик-директор, а да се избришат помошниците директори.

Во меѓувреме, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) денеска побара итно повлекување на поднесената измена на Законот за јавни претпријатија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...