Манчевски: Да се повлечат роднините на функционерите на сегашната и на поранешната власт

Манчевски рече дека не знае колку од роднините на сегашни функционери и пратеници досега се повлекле.

715

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска соопшти дека анализата на досегашните роднински вработувања на сегашната и поранешната власт се подготвува, а податоците ќе ѝ бидат доставени на Антикорупциската комисија.

– Ургентно е да се повлечат и тие од власта и тие во опозицијата. Она што ние го правиме системски е Законот за високораководна служба со кој го менуваме начинот на кој ќе се бираат високите позиции во администрацијата.Тоа ќе биде со вклученост на граѓанскиот сектор, експерти, на универзитетите во комисиите во кои ќе се врши изборот на раководните фукнции. Да бидам искрен од таму следат проблемите – рече Манчевски.

Манчевски рече дека не знае колку од роднините на сегашни функционери и пратеници досега се повлекле.

Тој рече дека со години реагирале и објавувале информации за роднински вработувања на предходната власт.

–  Да бидам искрен  јавноста претходно не беше толку  гласна и немаше никаква реакција од тогашните функционери. Оттогаш помина време, ниту тие преземаа чекор, ниту Државната комисија за спречување на корупција која постоеше тогаш, па  едно време не постоешено. Но, сега постои и се надевам дека конечно ќе преземе чекори, ќе ги види сите реални настапи во кои сме давале конкретни примери, но и ќе ги доставиме повторно ако треба, и оти ќе си преземе чекори за сите подеднакво – рече Манчевски.

Тој најави дека префрлањето од јавен во приватен сектор ќе се случи на крајот на годинава, но откако ќе биде завршен процесот на реорганизација на администрацијата кој е во тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...