Манчевски- Габриел: Македонија да се приклучи на иницијативата за 5Г прекуграничен коридор за автопатишта

177

Македонија е подготвена да се приклучи кон иницијативата 5Г прекуграничен коридор за автопатишта, што претходно беше потпишан од страна на Србија, Бугарија и Грција, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на средбата со еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел.

Еврокомесарката Габриел ја поддржа спремноста на Македонија и понуди целосна помош од Европската Комисија за реализација на оваа идеја.

Средбата се оствари во рамки на Startup Summit 2018, што денеска се одржува во Софија, Р. Бугарија, а се разговараше за повеќе теми од областа на дигитализацијата на Македонија и за соработката помеѓу државите од Западен Балкан.

Манчевски и Деспотовски го претставија концептот на научно-технолошкиот парк што е во финална фаза на подготовка, а еврокомесарката Габриел изрази заинтересираност на почетокот на следната година да го посети и на тој начин да го поддржи концептот на технолошкиот парк.

Еврокомесарката Мариа Габриел, ја повтори важноста од приклучување на Р. Албанија и Р. Косово, кон договорот потпишан помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, за намалување на цените во роаминг, што понатаму би прераснало во целосно укинување на цените во роаминг за земјите од Западен Балкан до 2021-ва година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...