Манчевски-Габриел: Европската Комисија е партнер на Македонија за дигитална трансформација

На средбата се разговарало и за документот претставен од Европската Комисија, којшто се однесува на серијата мерки за поддршка за реализација на проектите за дигитална трансформација.

50

Формирањето на дигитален форум за ИКТ бил главна тема на разговорите на средбата на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и еврокомесарката задолжена за дигитално општество и економија, Мариа Габриел.

Како што е соопштено Манчевски ја информирал Габриел дека во Дигиталниот форум кој треба да се формира  ќе членуваат претставници на стопанските комори, бизнис заедницата, академската фела, граѓанскиот организации како и министерот Манчевски и претседателот на ИКТ советот, Владимир Цветковиќ.

– Дигиталниот форум ќе работи како стручно и советодавно тело од областа на информатичкото општество. Целта е да е во постојана координација со ИКТ советот, каде што ќе се имплементираат идеите и предлозите развиени во Дигиталниот форум. Форумот по потреба ќе формира експертски работни групи кои ќе ги вклучуваат сите засегнати и заинтересирани страни за решавање на одредени прашања поврзани со развојот на информатичкотот општество – информирал Манчевски.

Еврокомесарката Габриел ја поддржа иницијативата и ја понуди помошта и експертизата на Европската Комисија, за сите проекти кои се во рамки на дигиталната трансформација.

На средбата се разговарало и за документот претставен од Европската Комисија, којшто се однесува на серијата мерки за поддршка за реализација на проектите за дигитална трансформација.

На средбата станало збор и за иницијативата Македонија да биде домаќин на првата регионална Академија за сајбер безбедност.

Намалување на цените за роаминг, развивање на наставна програма во основните и средни училишта за развивање на дигитални вештини и модернизација на администрацијата, остануваат да бидат во фокусот на работата на Владата и МИОА за што Европската Комисија е постојан партнер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...