Манекен Пис му оддаде почит на Брегзит

129

Статуата на малиот мочко или Манекен Пис, која е симбол на Брисел, денеска беше облечена како Џон Бул, измислена личност која претставува симбол на Велика Британија, оддавајќи му на тој начин почит на Брегзит.

Тоа се случува вторпат во историјата. Првпат Манекен Пис беше облечен како Џон Бул на 24 април 1972 година, кога Велика Британија стана членка на ЕУ.

Сега, 48 години подоцна, Брисел и неговиот симбол му оддаваат почит на островот за напуштање на Унијата. Брегзит ќе се случи утре, по речиси три години сложени преговори.

Манекен Пис е најпознатиот симбол на белгискиот главен град. Малата статуа се наоѓа во близина на плоштадот Гран Плас. Во последните години Манекен Пис често ја менувал својата облека. Тоа се случува кога со одбележуваат важни датуми и настани.

Во центарот на Брисел, „малото момче“ има сопствен музеј, во кој се изложени негови „костими“ за различни поводи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...