Манекенката од Австралија, Њуша Сај се пожали оти во Париз не ја пуштиле во музејот Лувр поради нејзината облека.
– Ме запреа на влезот во Лувр и не сакаа да ме пуштат внатре поради облеката која ја носев. Човекот од обезбедувањето правеше најужасни и грозни гримаси, а очите му беа полни со омраза. Срцето ми се скрши, мислев дека Лувр го укинал тоа застарено правило – се пожалила таа на социјалните мрежи.
Подоцна ја пуштиле внатре, кога облекла „широк капут на таков топол ден, но повеќе не бев расположена за да уживам во уметноста“.
Сепак, таа не добила поддршка од сите следбеници. Имало и негативни коментари.
– Мило ми е што те вратиле. За се постои време и место, а тоа сигурно не е место за твојата комбинација. Покажи малку почит кон себе и местата кои ги посетуваш. Голотијата остави ја за ноќни клубови и спалната соба – гласел еден од коментарите.
Манекенката додала дека проверила на Гугл дали во Лувр има некакви правила на облекување, но пишувало дека нема.
Меѓутоа, во правилникот на музејот пишува дека не може да влезе тој кој е гол, во костим за капење, голи гради или бос.
Извор: српски „Курир“
ФОТО: Принтскрин Инстаграм