Манекенка од 140 килограми одговори на критичарите со голи фотографии (ФОТО)

298

Тес Холидеј овие денови е една од главните теми во британските медиуми, затоа што со висина од 160 сантиметри и тежина од 136 килограми доби прилика да позира за насловната на „Космополитен“.

Пирс Морган е згрозен од насловната страна на познатото списание кој според него промовира дебелина, а на манекенката ѝ се обрати јавно.

– Ти патиш од морбидна дебелина. Тоа не значи дека јас сум кретен кој сака да те засрами, како што вика војската твои фанови. Тоа е факт. Медицината дефинира дека личност која има 45 килограми вишок или е БМИ 40 или повеќе. Тоа си ти. Морбидна дебелина е сериозна здравствена состојба. Тие, на кои им е дијагностицирана, имаат зголемен ризик од дијабетес, висок крвен притисок, камења во жолчката, остеоартритис, болести на срцето и рак. Со други зборови, може да те убие – напиша Морган.

Тес се јави на Инстаграм облечена само во долна облека и цел ден објавуваше стори со цитати дека има самодоверба и дека не ја интересираат мислењата на другите луѓе. Тврди дека никогаш не била посреќна, иако никогаш не била ниту подебела.

– Луѓето прашуваат како се носам со луѓето кои го напаѓаат моето тело. Едноставно – се смеам – напиша Тес. Но сепак, сѐ повеќе луѓе се согласуваат со Морган и велат дека постои голема разлика меѓу жени со нагласени облини и дебели луѓе.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...