Малума ограбен на Мундијалот, останал без 800.000 долари!

737

Колумбискиот пејач Хуан Луис Лондоњо е ограбен во московскиот хотел „Фор сизонс“ и тврди дека непознати сторители му однеле накит и луксузни предмети во вредност од 787.000 долари.

Пејачот, познат под естрадното име Малума, отседнал во тој хотел во текот на Светското првенство во фудбал.

– Колумбискиот државјанин Хуан Луис Лондоњо поднесе пријава во полицијата поради кражба што се одиграла во неговиот апартман во хотелот „Фор сизонс“ во Москва – рекол полициски извор за ТАСС.

Меѓу украдените работи се и белегзиите и синџирчињата од марката „Картие“, неколку часовници од марката „Ролекс“, „Ибло“, „Патек Филип“, „Одмар Пије“, како и ранец и чанта од „Луј Витон“.

Според изворот од полицијата, непозната личност се претставила како гостин на пејачот и добила дупликат од електронскиот клуч. Крадецот по грабежот побегнал.
Руската полицијата отворила кривична истрага за кражбата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...