Малта го потврди првиот случај на корона

97

На Малта денеска е потврден првиот случај на новиот коронавирус, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Пациентот е 12-годишно девојче кое во вторникот се вратило од Италија.

Во меѓувреме, бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Италија денеска се зголеми 197 што е најголемото дневно зголемување на смртни случаи од почетокот на епидемијата.

Официјални лица информираа за 24 часа починале 49 луѓе, а пријавени се повеќе од 4.636 случаи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...