Малстром: ЕУ ќе возврати ако САД воведат царини за европските возила

89

Европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром изјави дека има „целосна поддршка“ од земјите членки на ЕУ, Унијата да возврати доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за увоз на автомобили и автомобилски делови од Европа.

Малмстром информира дека европските министри за трговија разговарале за трговските односи на Унијата со Вашингтон за време на денешниот неформален состанок во Букурешт.

– Имаме целосна поддршка да се направи тоа, рече Малмстром.

Според неа, постои загриженост околу „одредени аспекти на економската политика што ја спроведува актуелната американска Администрација“.

Трамп најави дека САД размислуваат за воведување царини за увоз на возила од Европа, сугерирајќи дека конечната одлука зависи од тоа дали двете страни ќе постигнат трговски договор во наредните месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...