Малку познати факти за нетворк маркетингот

Шанса за претприемачите за успешна кариера со минимален ризик.

362

Нетворк маркетинг е „брзорастечката бранша“ на иднината. Ниту една друга форма на продажба не им нуди на претприемачите толку многу шанси за успешна кариера со минимален ризик. Со оваа алатка, самостојните бизнис партнери, им продаваат производи или услуги директно на потрошувачите, преку усна пропаганда или таканаречена „Word of Mouth“. Дополнително со неа, ја прошируваат мрежата на продажни партнери, на кои исто така им препорачуваат да продаваат производи и услуги на веќе изградената мрежа на потрошувачи и да интегрираат уште повеќе продажни партнери, кои повторно го прават истото.

Оние кои долгорочно ќе го имплементираат овој принцип на градење мрежа од потрошувачи и притоа ќе се докажат како лидери, ќе ги постават темелите за успешен бизнис, а согласно нивната продажба ќе добијат одреден процент на заработка.

За уште поубаво да ги разбереме придобивките од овој принцип на продажба, треба да се запознаеме со интересните факти на глобално ниво за нетворк маркетингот, со кој многу светски компании профитираат на сметка на нивните добри маркетери.

Најпрво, според „Network Marketing Report 2017“ на глобално ниво оваа индустрија тежи цели 189 милијарди долари, а топ 10 пазари кои вредат милијарди долари и се лидери во заработка се Соединетите Американски држави, Кина, Кореја, Германија, Јапонија, Бразил, Мексико, Франција, Малезија и Тајван.

На глобално ниво најголем процент на продажба по маркетер бележат регионите Европа со просечна продажба од 2.453 долари по маркетер, потоа на второ место е Северна Америка со 2.050 долари просечна продажба по маркетер, понатаму се пазарите на Јужна Америка, Азија и Африка и блискиот Исток. А според полот, претприемачи или маректери во најголем процент низ светот се жените со 74% во оваа индустрија, а мажите со 26%.

Но ако зборуваме во која држава независните маркетери користејќи го нетворк маркетингот остваруваат најголема продажба тоа е Германија, со просечна рекордна остварена продажба по маркетер од 18.869 долари. Само замислете ја оваа сума на вашите сметки месечно, примамливо нели?

Доколку се одлучите да бидете дел од оваа алатка за продажба, ќе имате потполна самостојност во тоа како ќе ја градите својата мрежа без дополнителни притисоци од трети лица за вашиот придонес во продажбата независно дали ќе бидете ангажирани со цело работно време „full time“ или како хоби или „part time“ за дополнителна месечна заработка. Оваа индустрија брои милиони независни маркетери низ целиот свет, извештајот од 2017 година докажува дека 4.700.000 маркетери одлучиле оваа заработка да им биде како дополнителен месечен приход на страна од нивната примарна кариера, додека пак 900.000 маркетери оваа заработка им е главен месечен приход и за истата се посветени цело работно време или „full time“.

Најчесто за продажба на своите производи со помош на нетворк маркетинг низ светот се одлучуваат компаниите кои работат со производи за здрава храна, потоа, оние кои на своите потрошувачи им овозможуваат некаков вид услуга, застапени се и оние компании кои продаваат производи за домот, компании кои продаваат производи за убавина и нега, облека и додатоци и за крај на листата се наоѓаат и институции кои овозможуваат курсеви за едукација.

Ако го разгледаме пазарот на Соединетите Американски држави, Тексас, Њујорк, Калифорнија и Илиноис се на врвот на листата со 16,1 милијарда долари остварена продажба. А интересен е фактот што за ваков тип на кариера во САД се одлучуваат лицата на возраст од 23 до 37 години или таканаречените „Millennials“.

Претприемач, дистрибутер или независен маркетер како сакате наречете ги, но овие луѓе низ целиот свет остваруваат одлични месечни заработки благодарение на компаниите кои ја имаат применето оваа форма во своето работење. Од една страна компаниите имаат мрежа или „војска“ од маркетери кои ги продаваат нивните производи и им носат одлични профити, од друга страна маркетерите се главниот „виновник“ за одличните заработки на компаниите и затоа се наградени со одлични месечни приходи.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...