Британското кралско семејство ги објави првите фотографии на малиот принц Луис, синот на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, роден на 23 април.
Првата, на која се гледа принцот Луис од Кембриџ како лежи на креветот, настанала на 26 април, три дена по неговото раѓање. На втората фотографија, малиот принц го држи неговата сестра, тригодишната принцеза Шарлот. Фотографијата настанала на 2 мај, на нејзниот трет роденден, наведува Би-би-си.
Фотографиите се снимени во Кенсингтонската палата, а нивна авторка е нивната мајка Кејт.
Принцот Луис од Кембриџ, е петти член на кралското семејсство во наследната линија на британскиот трон.