Малините го намалуваат ризикот од рак и кардиоваскуларни болести, а ја зголемуваат плодноста

Овие мали бобинки се богати со хранливи материи, витамини и минерали и го забавуваат стареењето, го штитат срцето, го поттикнуваат слабеењето, па дури и ја зголемуваат плодноста.

331

Еве кои се здравствените предности на малините:

Борба против ракот

Малините се полни со антиоксиданси кои активно учествуваат во борба против ракот. Тие содржат 10 пати поголема концентрација на антиоксиданси од доматите.

Истражувањата покажуваат дека фитонутриентите на малините имаат важна улога во намалувањето на оксидативниот стрес и воспалителните процеси во телото.

Здравје на кардиоваскуларниот систем

Малината содржи калиум кој помага за регулирање на отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Исто така, изобилуваат со манган, бакар и железо кои произведуваат црвени крвни клетки.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...