Макрон ќе му помогне на Зеленски да воспостави мир и да разговара со Путин

48

Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе му помогне на новиот претседател на Украина, Володимир Зеленски, во неговите напори да воспостави мир на истокот на земјата и во разговорите со Русија.

Украинскиот претседател Зеленски за време на посетата на Париз вчера рече дека дипломатскиот пат е единствениот начин за решавање на конфликтот, со одржува санкциите против Русија.

Макрон истакна дека ќе работи на заживување на преговорите за Украина во „нормандиски формат“, кој ги вклучува Русија, Украина, Франција и Германија.

Францускиот претседател призна дека во последниве неколку месеци има мал напредок во врска со ова прашање.

Фото: EPA-MICHEL-EULER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...