Макрон ја нарече сопругата на австралискиот премиер „вкусна“

- Сакам да ви се заблагодарам за приемот, Вам и на Вашата „вкусна“ сопруга на топлиот дочек - рече Макрон.

317

Францускиот премиер Емануел Макрон направи лапсус и сопругата на австралискиот премиер Луси Турнбул ја нарече „вкусна“.

Макрон за време на заедничка прес-конференција му заблагодари на Турнбул за гостопримството, како и на неговата „вкусна“ сопруга.

– Сакам да ви се заблагодарам за приемот, Вам и на Вашата „вкусна“ сопруга на топлиот дочек – рече Макрон.

Изјавата предизвика многубројни шеги на сметка на Макрон. Објаснувањето се крие најверојатно во погрешната употреба на англискиот јазик бидејќи зборот „вкусен“ (delicious) на француски се преведува и како убав или пријатен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...