Макрон со даб ќе ги зацврстува врските со Трамп

140

За време на посетата на САД, францускиот претседател Емануел Макрон ќе му подари на американскиот колега Доналд Трамп даб, симбол на силни врски меѓу двете земји, соопшти телевизијата „Фокс њуз“

– Тоа е северен француски даб, за кој Макрон се надева дека ќе биде засаден во паркот на Белата куќа, како симбол на ова силно пријателство – изјави новинарот Крис Валас, кој го интервјуираше Макрон во Елисејската палата.

Во интервјуто, кое телевизијата ќе го емитува утре, Макрон вели дека никогаш не прашал дали претседателот Трамп ќе го заврши својот мандат.

– Јас работам со него, бидејќи и двајцата им служиме на нашите земји – вели Макрон.

Тој одби да коментира за некои контроверзни прашања околу Трамп, како истрагата за руската интервенција на американските претседателски избори во 2016 година

– Не е моја работа да судам или, на кој било начин, да му објаснам на вашиот народ каков треба да биде вашиот претседател – вели претседателот на Франција.

Макрон од понеделник ќе биде во тридневна посета на САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...