Макрон се премори, ќе земе петдневен одмор

73

Францускиот претседател Емануел Макрон одлучи да земе петдневен непланиран одмор поради премореност, предизвикана од интензивниот распоред на работа, јави француското радио „Франс енфо“.

Поради тоа, Макрон ја презакажа за еден ден порано неделната средба на Советот на министри, која традиционално се одржува во Елисејската палата секоја среда.

– Изминатите 17 месеци од инаугурацијата на претседателот беа невообичаено интензивни и заморот е очекуван – изјави анонимен извор за радиото. Според него, Макрон има многу строг режим и често спие не повеќе од три часа.

Францускиот претседател ќе помине неколку дена со семејството, но не се прецизира каде, освен дека нема да биде во резиденцијата Латерн во Версај, ниту во семејната куќа во Нормандија.

Макрон во декември ќе наполни 41 година. За претседател на Франција беше избран во мај 2017 година, кога стана најмладиот шеф на државата во историјата на земјата. Тој активно се занимава со спорт, пред сѐ со фудбал и бокс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...