Макрон свика вонредни консултации за кризата со „жолтите елеци“

77

Францускиот претседател Емануел Макорн за попладнево свика вонредна средба со социјалните партнери во обид да се најде излез од кризата во земјата предизвикана со протестите на „жолтите елеци“.

Како што најави Елисејската палата, по завршувањето на консултациите, вечерва Макрон ќе и се обрати на нацијата, при што ќе предложи „конкретни и итни мерки“ за надминување на состојбата со протестите.

На консулатциите за излез од кризата се поканети 37 лица, меѓу кои и францускиот премиер Едуар Филип, 12 членови на неговата Влада, претседателите на двата дома на Парламентот, претставници на асоцијацијата на локалните власти и лидерите на главните синдикални федерации и на организациите на работодавачите.

– Во овој тежок момент, што го преживува нацијата, претседателот истовремено ќе се консултира со политичките, локалните, економските и социјалните сили со цел да ги чуе нивниот глас и предлози и со задача да ги мобилизира за акција, се наведува во најавата на Елисејската палата за средбата.

Протестите на „жолтите елеци“ започнаа кон средината на ноември со блокади на патиштата поради најавеното зголемување на таксите за горивата, но изминативе недели во неколку наврати прераснуваа во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...