Макрон реагира на исвиркувањето на Марсејезата на почетокот од средбата Турција-Франција

346

Францускиот претседател Емануел Макрон ги нарече „неприфатливи“ свирежите на турските навивачи при изведбата на Марсејезата пред натпреварот помеѓу Турција и Франција за квалификациите за Евро 2020, јавува дописникот на МИА.

– Претседателот на Републиката беше погоден поради исвиркувањето на француската химна во Турција во саботата вечерта. Тој смета дека ова е неприфатливо – беше речено од Елисејската палата, која додаде дека шефот на француската држава тоа „му го кажал“ на Ноел Ле Грает, претседателот на Француската фудбалска федерација.

Вчера вечер Франција беше првпат поразена од Турција со 2:0, средба за време на која светските шампиони го имаа најбледиот настап откако ја освоија светската титула.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...