Макрон пристигна во тридневна посета на САД

142

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна денеска во Вашингтон во тридневна официјална посета, а првпат домаќин во Белата куќа ќе му биде Доналд Трамп.

Макрон и неговата сопруга Брижит беа поздравени од воен оркестар, кој ги отсвира Марселезата и националната химна на САД, откако слегоа од авионот во базата „Ендрјус”, близу Вашингтон.

Макрон изјави дека со Трамп ќе разговараат за неколку билатерални прашања, вклучувајќи ги безбедноста и трговијата, како и темите кои се на светската агенда.

Иранскиот нуклеарен договор и конфликтот во Сирија се меѓу темите кои ќе бидат разгледани за време на посетата.

– Ова е многу важна посета, со оглед на актуелниот контекст, исполнет со толку многу несигурност, проблеми и понекогаш закани – рече при пристигнувањето Макрон.

Подоцна денеска, францускиот лидер и неговата сопруга ќе се сретнат со Трамп и американската прва дама Меланија на вечера во историската резиденција на Џорџ Вашингтон „Маунт Вернон”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...