Германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ најавува дека дека францускиот претседател Емануел Макрон тајно планира формирање на своја либерално демократска пратеничка група во Европскиот парламент по изборите во 2019 година.
Неговата центристичка партија Република во движење (РЕМ) се смета за блиска до Алијансата на либералите и демократите на Европа (АЛДЕ), но весникот најавува дека поранешниот социјалистички политичар подготвува ново движење, кое ќе се нарекува Прогресивни демократи и кое ќе настапи на изборите во повеќе европски држави и ќе се претстави како одговор на подемот на националистичките партии.
– Макрон е главен поборник на тезата дека мораме да ја засилиме Европа за да не се случи да победат нелибералните сили – смета Јанис Емануилидис од Центарот за европска политика во Брисел.
Главни потенцијални партнери на Макрон би биле шпанското движење Граѓаните (Сиудаданос), но и Демократската партија на Матео Ренци во Италија, чие приклонување кон Макрон би значело натамошен распад на социјалдемократскиот блок партии во Европскиот парламент.
Според германскиот весник, доколку Макрон со помош на овие две партии дојде до 40 или 50 пратенички места, тогаш ќе ги повика пратениците на АЛДЕ да му се приклучат и да ја формираат втората поголемина група во Европарламентот, по конзервативната Европска народна партија (ЕПП), кое во повеќе изборни циклуси наназад има најголемата пратеничка група,
Со тоа, овие две групации би можеле да ја контролираат работата на Парламентот и на Европската комисија и покрај очекувањата дека националистичките партии ќе имаат досега рекорден успех на претстојните избори, наведува „Велт ам Зонтаг“