Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе се обиде да состави „најширока можна листа” за изборите за Европскиот парламент идната година, тврдејќи дека тие избори се „борба за цивилизацијата”.
Во исто време, тој се обиде да преземе реторика на неговите противници на популистичката десница како што се заменик италијанскиот премиер Матео Салвини и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
– Јас не сум Европеец ниту глобалист – изјави тој за весникот Журнал ди Диманш.
Тој додава дека верува во силниот идентитет на секоја нација и верува во „амбицијата на нашиот народ”.
– За европските избори, ќе направам се што можам за да го слушнам гласот на прогресивците, демократите, оние за кои зборувам и се надевам дека ќе бидат претставени во Франција со најширока можна листа – додаде тој.
– Ова е борба за цивилизацијата, историска борба и нема ни малку да им попуштам на екстремите – истакна Макрон.