Макрон повикува на „европска ренесанса” со цел да се спротивстави на „националистичкото самозатворање”

77
Фото: ЕПА / ETIENNE LAURENT/POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон повикува на „европска ренесанса” со цел да се спротивстави на „националистичкото самозатворање”. Тој притоа сподели неколку големи идеи за иднината на Унијата, со што официјално се вклучува во кампањата за идните европски избори, јави дописникот на МИА.

Пред европските избори, Макрон сака да им се обрати на „граѓаните на Европа”. Шефот на француската држава, кој победи на претседателските избори со неговата проевропска ориентација, предложи неколку клучни идеи за иднината на Унијата. Предлозите опфаќаат три главни теми: „Одбрана на нашата слобода”, „Заштита на нашиот континент”, „Враќање на духот на напредокот”. Тие, според него, треба да ја „изградат ренесансата на Европа” и да го спречат „националистичко самозатворање кое не предлага ништо”.

– Ние мора да откриеме нови политички и културни облици на нашата цивилизација во светот што се менува – истакна Макрон, додавајќи дека „ситуација е ургентна”.

Според него, „како никогаш досега од Втората светска војна Европа не била толку неопходна. Но сепак, Европа никогаш не била толку многу во опасност“, инсистира тој.

Фото: ЕПА / ETIENNE LAURENT/POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...