Макрон: Одлуката на САД за царините е незаконска и погрешна

195

Одлуката на САД за воведување на царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ е незаконска и погрешна и може да ја „затвори вратата“ за други разговори, оцени денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

– Таа одлука не само што е противзаконска, туку е и погрешна од многу аспекти – изјави Макрон.

Според францускиот претседател, со ваквите постапки САД покажуваат дека на глобалните дисбаланси реагираат со „економски и трговски национализам“.

– Секој економски национализам води до војна – изјави Макрон, најавувајќи дека за прашањето за царините вечерва телефонски ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот секретар за трговија Вилбур Рос денеска соопшти дека од утре стапува во сила одлуката за воведување на најавените царини за увоз на алуминиум и челик од Европската Унија, Канада и Мексико.

Трамп претходно воведе мораторим на одлуката за стапувањето во сила на царините за увоз од ЕУ, Канада и Мексико, кој истекува утре и нема да биде проодлжен. Во иднина, извозот на челик од овие три земји кон САД ќе се царини со 25 проценти, а извозот на алуминиум со 10 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...