Макрон не му се плаши на Брегзит

79
Photo: EPA / MICHEL EULER

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа дека Европа не треба да стравува од Брегзит без зделка, но предупреди дека ако новата влада на Велика Британија побара продолжување на рокот по 31 октомври таа треба да достави нови аргументи за да ги оправда.

– Сметам дека не би требало да стравуваме од најлошото и сценарио излегувањето на Британија од ЕУ без договор во спротивен случај ќе бидеме заложници на спротивната страна – изјави Макрон на прес- конференција во Брисел по средбата на ЕС.

Тој додаде дека одговорноста за таков чекор на настаните во крајна сметка ќе ја носи Велика Британија.

Photo: EPA / MICHEL EULER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...