Макрон нема да го распушти Долниот дом од француското Собрание

138
Photo: EPA / KATIA CHRISTODOULOU

Францускиот претседател Емануел Макрон нема да го распушти Долниот дом на француското Собрание по победата на десничарската партија Национален фронт на изборите за Европскиот парламент во таа земја, објави портпаролката на француската влада, Сибе Ндијај.

Според француското Министерство за внатрешни работи, за Националниот фронт на Марин Ле Пен гласале 5,3 милиони Французи, а 5,1 милиони за Макрон.

Ндијај изјави за телевизијата БФМ дека резултатите од изборите нема да предизвикаат „политичка криза“ и објасни дека францускиот премиер Едуард Филип „ја има целосната доверба во претседателот“.

Ле Пен верува дека резултатите „ја потврдуваат новата националистичко-глобалистичка поделба“ во Франција, и дека најмалку што може Макрон да направи е да го распушти националното собрание.

Фото: EPA/KATIA-CHRISTODOULOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...