Макрон: Најмногу губат Британците, ако без договор излезат од ЕУ

65

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, синоќа изјави дека Велика Британија би била најголем губитник доколку излезе од Европска унија без договор.

– Прва опција излегување без договор. Тие велат: Нема договор. Тоа е застрашувачки за сите. Најголеми губитници во тоа би биле Британците, изјави Макрон по отфрлање на договорот за Брегзит во британскиот Парламент.

Тој очекува дека Лондон најверојатно ќе побара дополнително време за повторни преговори за договорот.

Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 432 гласа „против“ и 202 „за“, го отфрли Договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата на премиерката Тереза Меј и Брисел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...