Макрон лут бидејќи англискиот ќе остане главен јазик во ЕУ по брегзит

Макрон инсистираше на тоа дека неговото залагање не е против употребата на англискиот јазик, туку повеќе за промовирање на повеќејазичност

267

Француските политичари на чело со претседателот Емануел Макрон се налутија кога Европската комисија сигнализираше дека англискиот ќе остане главен јазик во Брисел по брегзитот, и покрај обидите на Макрон да го замени со францускиот јазик, пишува британскиот весник „Дејли експрес“, а пренесува Макфакс.

Според новиот предлог, финансирањето на англискиот јазик ќе продолжи и по излегувањето на Велика Британија од Унијата следната година.

– Англискиот јазик најверојатно никогаш не бил поприсутен во Брисел како сега, во период кога разговараме за брегзитот – рече Макрон и вети дека ќе се бори за поголема употреба на францускиот јазик во институциите на ЕУ и пошироко.

Макрон инсистираше на тоа дека неговото залагање не е против употребата на англискиот јазик, туку повеќе за промовирање на повеќејазичноста.

Англискиот јазик е сè поприсутен во европските институции, посебно откако источноевропските земји станаа дел од ЕУ во 2004 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...