Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин за Сирија, Иран и Украина, на средбата во Москва, каде што Франција и Хрватска ќе се борат за победа на Светското првенство во фудбал, информираат од кабинетот на Макрон.
Се очекува двајцата претседатели да се состанат во Кремљ пред утрешниот финален натпревар.
Неименуваниот извор од Елисејската палата соопшти дека ситуацијата во Украина не е доволно развиена за да му дозволи на Макрон да го покани Путин на Самитот на Г-7 во Бијариц, на југот на Франција, кој ќе се одржи летото 2019 година.