Музичарот Лени Кравиц зад сцената на концерт на „Ју-Ту“ се дружел со францускиот претседател Мануел Макрон, за што објави и фотографија на својот профил на Твитер.
– Кога ќе налеташ на претседателот зад сцената на концерт на „Ју-Ту“ вo Париз – е коментарот на Лени Кравец до фотографијата, на која се прегрнати со Макрон.
Францускиот претседател на концертот на „Ју-Ту“ во Париз присуствувал со својата сопруга, Брижит Макрон. Тие беа на концертот откако Боно ја посети Елисејската палата. Инаку, Боно по вторпат беше на гости кај семејството Макрон, по средбата на 24 јули 2017 година.
ФОТО: Твитер