Макрон едвај чека да почне да работи со Борис Џонсон

102
Photo: EPA / ANDREJ CUKIC

Францускиот претседател Емануел Макрон му го честита на Борис Џонсон изборот, назначен од активистите на Конзервативната партија за наследник на Тереза ​​Меј, и рече дека е „многу заинтересиран за работа“ со следниот британски премиер, јави дописникот на МИА.

– Топло му честитам на Борис Џонсон и ќе го повикам веднаш штом тој официјално ќе стане премиер, веројатно в среда – рече Емануел Макрон, кој зборуваше пред новинарите заедно со новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во претседателската палата во Париз.

Многу сум заинтересиран да можам брзо да работам со него, не само за европските прашања што се наши и за продолжување на преговорите за Брегзит, туку и за меѓународните прашања кои го сочинуваат нашиот секојдневен живот и врз кои сме тесно координирани со Британците и Германците – додаде тој, наведувајќи го особено Иран.

Макрон со почит се изјасни за премиерката Тереза Меј нагласувајќи дека „таа никогаш не го блокираше функционирањето на Европската унија и во најдобар случај се обиде да им служи на британските интереси“.

Фото: EPA-ANDREJ-CUKIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...