Макрон: Европа не смее да дозволи светот да западне во хаос

79
Фото: ЕПА / ETIENNE LAURENT/POOL

Германија и Франција треба да работат заедно на нова етапа на подем на Европа, со цел да се спречи запаѓање на светот во хаос и да се гарантира мирот – порача денеска од Берлин францускиот претседател, Емануел Макрон.

– Европа и француско-германскиот тандем имаат обврска да не дозволат светот да западне во хаос и да го одржат на патот на мирот. Затоа Европа треба да биде посилна и посуверна – изјави Макрон во обраќање пред германскиот Бундестаг.

Тој истакна дека светот денес се наоѓа на крстопат, соочен со опасноста од „безумниот национализам и фантизам“.

– Порaди тоа, Франција и Германија имаат одрговорност да и ги дадат на Европа инструментите на нејзината сувереност, порача Макрон.

Францускиот претседател, притоа, повика на изградба на заедничка европска одбрана, ја нагласи неопходноста од постоење на миграциска политика на ЕУ со хармонизирана систем за доделување азил и се заложи за претворање на еврото во меѓународна валута и воведување буџет на Еврозоната.

– Зарем претпочитате да останеме затворени во нашета неактивност? Битката против предизвиците на популизмот не е добиена. Потребно е да преземе нови ризици и да ја надмине сопствената нерешителност – истакна Макрон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...