Макрон го покани италијанскиот претседател во официјална посета на Франција

65
Photo: EPA / KATIA CHRISTODOULOU

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повика италијанскиот колега Серџо Матарела во официјална посета на Франција во наредните месеци, соопшти Елисејската палата, по тензиите меѓу двете земји.

Повикот е предаден на францускиот амбасадор во Италија, кој денеска беше примен од Матарела.

Францускиот амбасадор Кристијан Масе беше вратен во Париз на 7 февруари за консултации по неколкуте критики од страна на потпретседателите на италијанската Влада, Луиџи Ди Мајо и Матео Салвини, упатени кон Макрон и неговите политики.

Макрон и Матарела неодамна во телефонски разговор го потврдија значењето на билатералните односи и потсетија дека Франција и Италија заедно ја изградиле Европа.

Одлуката за привремено повлекување на Масе дојде еден ден по состанокот на Ди Мајо со претставници на „Жолтите елеци”, што предизвика незадоволство и во самиот движење, чии лидери се дистанцираа и реагираа дека не сакаат помош и поддршка од политичарите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...