Македонците со картички најголеми износи плаќале во Унгарија, а најмногу плаќања имале во Велика Британија

Македонците дома направиле најмногу трансакции со своите платежни картички или  80,7 милиони трансакции.

1583

Вкупниот број на остварени трансакции со домашни платежни картички на уредите лоцирани во странство лани изнесувал 6,7 милиони трансакции што е годишен раст од 26 отсто. Трансакциите се во вредност од 15,1 милијарда денари или за една година пораснале за 13,2 отсто. Ова го покажуваат покажуваат податоците на Народната банка.

Македонските граѓани со картички најмногу плаќале во Велика Британија вкупно 22,54 отсто, САД 8,4 отсто и во Србија 7,5 отсто. Во странство со картички најмногу се плаќало на интернет, директно на физичките места и најмалку се повлекувала готовина. Покрај овие три земји во десетте се издвојуваат уште и Бугарија, Грција Унгарија, Ирска, Луксембург, Германија и Холандија.

Најголеми износи на плаќање со македонски картички има во Унгарија вкупно 11,34 отсто од вредноста на трансакциите. Следуваат Велика Британија 11,30 отсто и Грција со 9,6 отсто.

Во земјава најмногу транскации со странски картички имало од картички издадени од финансиски институции во САД, Велика Британија и во Србија. Со странски кредитни карички најмногу се плаќало на интернет, директно на физичките места и најмалку се повлекувала готовина.

Највисоки вредности на трансакциите кон нашава земја имало од САД, Германија и Велика Британија. Направени се 5,5 милиони трансакции.

Македонците дома направиле најмногу трансакции со своите платежни картички или  80,7 милиони трансакции.

Граѓаните на крајот на 2018 година поседуваа 1,821,483 платежни картички. Од нив 80 отсто се дебитни картички, 20 отсто кредитни картички.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...