Македонски телеком ја зголеми добивката за 33,5 отсто

Приходите од продажба изнесуваат 5,01 милиони денари, што претставува зголемување за еден отсто во споредба со истиот период од претходната година.

89

Македонски телеком во првата половина од годината оствари нето добивка од 816 милиони денари што е зголемување од  33,5 отсто во споредба со лани во истиот период, соопштија од компанијата.

Приходите од продажба изнесуваат 5,01 милиони денари, што претставува зголемување за еден отсто во споредба со истиот период од претходната година.

На крајот на јуни Телекомот има 209 илјади корисници на фиксни говорни услуги со учество од 57,4 отсто на пазарот. Во однос на ТВ пазарот, има 29,1 отсто удел.

Од компанијата информираат дека забележале и зголемување кај бројот на IPTV корисници за 8,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година, што резултира со база од 122 илјади корисници на крајот од првите шест месеци од 2018 година.

-Вкупниот број пристапи на широкопојасен интернет во шестте месеци од 2018 година е стабилен и изнесува 189,9 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет за истиот период е 44,8 отсто, според интерна проценка – велат од Компанијата.

На пазарот на мобилната телефонија, Македонски Телеком има удел на пазарот од 48,4 отсто. Базата на претплатници во првите шест месеци од 2018 година изнесува 1,17 илјади и е намалена за три отсто во однос на истиот период од претходната година.

Приходите од неговорни услуги во мобилниот сегмент се зголемени за 12 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем GPRS сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...