На врвот Ченгино Кале се заборава на сите проблеми (ГАЛЕРИЈА)

228

Македонски и бугарски планинари се дружеа на врвот Ченгино Кале, кој се наоѓа на 1.760 метри на Малешевските планини кај Пехчево.

– Околу 130 планинари од Балканот и од Македонија учествува во оваа планинарска акција. Планинарите од Петрич се искачија од нивна страна и се сретнавме на врвот. Времето беше сончево и топло, па денот помина низ дружење, забава и смеа. Заборавивме на сите проблеми – рече водичот Марјан Митриновски од Пехчево, дипломиран шумарски инженер кој со активно планинарење се занимава 23 години.

Патеката е долга околу 19 километри.

– Тргнавме во 8 часот од Пехчево, на врвот бевме околу 11 часот, а се вративме до 17 часот. Сите беа во најдобро расположение, со желба да се сретнеме повторно на некој друг врв – додаде Митриновски.

Освен што љубителите на природата можат да уживаат во чистиот воздух, од Ченгино Кале може да се видат добро планините Пирин, Рила, Славјанка, со врвовите Вихрен, Мусала, Маљовица и Гоцев врв.

Фото: Марјан Митриновски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...