Македонските вина се дегустираат во Сингапур

Манифестацијата е договорена на средба меѓу претставници на МЗШВ и економски тим од Сингапур одржана во април годинава кога една од темите на разговорите била и пробивање на македонското вино на сингапурскиот пазар.

101

Под слоганот „Богатство од стариот свет“ денеска и во следните два дена, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Сингапур се промовираат македонските вина.

На манифестацијата специјално наменета за промоција на македонските вина, посетителите ќе може да ги дегустираат најквалитетните вина од повеќе македонски винарии.На промоцијата се присутни сомелиери и претставници од најголемите дистрибутери на вино од Азија.

Манифестацијата е договорена на средба меѓу претставници на МЗШВ и економски тим од Сингапур одржана во април годинава кога една од темите на разговорите била и пробивање на македонското вино на сингапурскиот пазар.

Сингапур е една од најразвиените земји во светот со увозна вредност на вино од 250 милиони евра годишно.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...