Македонскиот филм „Црни и криви“ со африканска премиера во Кенија

133

Македонскиот краткометражен филм „Црни и криви“ во режија на Марко Џамбазоски својата африканска премиера ќе ја има на „Slum Film Festival“, кој се одржува од 27 до 31 август во Најроби, Кенија.

Филмот ја доживеа својата светската премиера на реномираниот филмски фестивал во Пула, а од филмската екипа најавуваат дека наскоро и македонската публика ќе има можност да го погледне ова филмско остварување.

„Црни и криви“ е македонска комедија во режија, сценарио и монтажа на Марко Џамбазоски. Директор на фотографија е Марко Димитриевски, а извршен продуцент Бошко Мангаровски. Актерската екипа ја сочинуваат Тони Денковски, Горан Ников, Чедомир Митевски, Мирјана Трпковска, Ердоан Максут, Томе Станковски, Ангела Стојановска, Андреа Голуб и Димче Спасовски.

Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности, а поддржан од Агенција за филм на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...